ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА

„ Фини-мини нудли – Јадење со кое се поврзуваш! “

Правила на НАГРАДНАТА ИГРА: “ФИНИ – МИНИ НУДЛИ – ЈАДЕЊЕ СО КОЕ СЕ ПОВРЗУВАШ “ во натамошниот текст: „Правила“)

Член 1 – Компанија и седиште на организаторот

Oрганизатор на Наградната игра е Друштвото за трговија и услуги Подравка ДООЕЛ Петровец, со седиште на адреса: ул.9, бр.4 во Мултифункционална индустриска зона Ќојлија во Петровец, со ЕМБС 4276663 и ЕДБ 4030992253046 (во натамошниот текст: Организатор).

Член 2 – Име на Наградната игра, време и место на одржување

Името на Наградната игра е “ФИНИ – МИНИ НУДЛИ – ЈАДЕЊЕ СО КОЕ СЕ ПОВРЗУВАШ “. Нaградната игра ќе трае од 10.04.2026 до 31.05.2026 година во 23:59:59 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Член 3 – Цел на Наградната игра

Целта на Наградната игра е промоција на производите од брендот Fini Mini на Подравка, преку организирање на наградна игра која се спроведува преку веб-страницата: https://fini-mini-noodles-podravka.mk/

Член 4 – Услови за учество во Наградната игра

Во Наградната игра, според Член 2, право на учество имаат сите граѓани над 18 години кои живеат во Република Северна Македонија.

За да се учествува во Наградната игра, заинтересираниот учесник треба да купи еден или повеќе производи од Fini Mini Noodles, единечно пакување или мултипак, во вредност од најмалку 99 денари. Учество имаат следниве производи: Фини-Мини кокошкини нудли 75g, Фини-Мини говедски нудли 75g, Фини-Мини зеленчукови нудли 75g, Фини-Мини кокошкини нудли 375g, Фини-Мини говедски нудли 375g, Фини-Мини зеленчукови нудли 375g, Фини-Мини Симпли Биф нудли 355g, Фини-Мини Симпли Чикен нудли 355g, Фини-Мини Голден Чикен нудли 355g

Учесникот мора да го пополни онлајн формуларот на веб страницата https://fini-mini-noodles-podravka.mk/ и да ги внесе своите лични податоци (име, презиме, адреса, место, контакт телефон, е – маил адреса) како и бројот на фискална сметка од купени производи од брендот Фини – Мини на Подравка, за да ја заврши успешно пријавата. Секој учесник со пријавување во наградната игра најдоцна до 31.05.2026 година 23:59:59 часот автоматски влегува во базата од која ќе бидат наградени само 13 (тринаесет) добитници.

Пријавите кои ќе пристигнат по завршувањето на наведениот рок, немаат право на учество во Наградната игра. Секој учесник може да учествува во Наградната игра повеќе пати, но може да биде награден само еднаш. Доколку, по извлекувањето на победникот, се утврди дека доставените податоци во електронскиот формулар се нецелосни и / или неточни, таквата пријава ќе се смета за неважечка.

Право на учество во Наградната игра имаат сите граѓани со живеалиште во Република Северна Македонија, освен вработените во Подравка ДООЕЛ и членови на нивното потесно семејство (родители, сопружници, деца, браќа и сестри). Лица под 18 години не може да учествуваат во Наградната игра.

Член 5 – Погрешни и неправилни пријави

Организаторот го задржува правото да дисквалификува учесник во кој било кој момент за времетраење на Наградната игра, особено во следниве случаи: Ако учесникот ги прекрши Правилата или остави неточни или нецелосни лични податоци при пополнување на електронскиот формулар. Доколку исписот содржи незаконска, опасна, злонамерна, расистичка, клеветничка, непристојна, порнографска, вулгарна или ксенофобична содржина. Пријавата не смее да прикажува или повикува на криминално или незаконско однесување, односно од која било друга причина за која Организаторот смета дека негативно влијае на правилноста на Наградната игра.

Член 6 – Награден фонд

Наградниот фонд вклучува 13 (тринаесет) награди:

  • 1 x Apple iPhone 17 256GB Mist Blue со вредност од 50.838,99 денари без ДДВ и 59.990,00 со ДДВ од 18%.
  • 1 x Sony PlayStation 5 Slim 825GB Digital Edition Console со вредност од 23.490,20 денари без ДДВ, односно 27.718,40 деанри со 18% ДДВ.
  • 1х Apple 11-inch iPad (A16) Wi-Fi 128GB – Silver во вкупна вредност од 20.942,86 без ДДВ, односно 21.990,00 денари со 5% ДДВ.
  • 10 х Пакет производи од Подравка во вкупна вредност од 1383,75 без ДДВ или 1.522,00 денари со 10% ДДВ.
Ставка Количина Цена без ДДВ (ден) ДДВ (%) ДДВ износ (ден) Цена со ДДВ (ден) Вкупен фонд (ден)
Apple iPhone 17 256GB Mist Blue 1 50.838,99 18% 9.151,01 59.990,00 59.990,00
Sony PlayStation 5 Slim 825GB Digital Edition Console 1 23.490,20 18% 4.228,20 27.718,40 27.718,40
Apple 11-inch iPad (A16) Wi-Fi 128GB – Silver 1 20.942,86 5% 1.047,14 21.990,00 21.990,00
Пакет производи од Подравка 10 1.383,75 10% 138,25 1.522,00 1.522,00
Вкупно 96.655,80 14.564,60 111.220,40 111.220,40

*Организаторот го плаќа персоналниот данок.

Вкупниот фонд на награди изнесува 96,655,80 денари без ДДВ, осносно 111.220,40 денари со пресметан ДДВ.

Член 7 – Извлекување на имињата на добитниците на награди и контрола на извлекувањето

Извлекувањето на имињата на добитниците на наградите ќе се одвива по електронски пат, користејќи комјутерска програма за генерирање на броеви random.org и ќе се одржи на 03.06.2026 во 10:30 часот во просториите на компанијата Подравка во Република Северна Македонија со седиште на адреса: ул.9, бр.4 во Мултифункционална индустриска зона Ќојлија во Петровец. Извлекувањето ќе го надгледува трочлена комисија од Подравка (Даниела Трајковска – директор на финасии, Анастасија Величковска – маркетинг менаџер, Весна Дојчиновска – трејд маркетинг менаџер) и нотар, а учествуваат сите пристигнати пријави заклучно со 31.05.2026 година во 23:59:59 часот.

Извлекувањето на наградите ќе се врши во просториите на Подравка ДООЕЛ – Петровец, со адреса на ул.9, бр.4, Мултифункционална индустриска зона Ќојлија, Петровец, Р. Северна Македонија. Извлекувањето ќе го надгледува трочлената комисија по што ќе биде направен нотарски записник кој ќе го содржи името и презимето, како и адресата на добитникот на главната награда. Задолжително ќе се провери дали се исполнети барањата/условите од Член 4.на овој Правилник. Извлечените пријави кои нема да ги исполнат барањата/условите од Член 4.на овој Правилник, нема јавно да се објават, а истите ќе бидат посебно записнички утврдени. Доколку добитникот не ја подигне наградата во наведениот рок, Организаторот има право да контактира со друг учесник кој се пријавил во Наградната игра и ги исполнил сите Правила (резервен добитник).

Доколку во Наградната игра се вклучат помалку учесници од бројот на награди кои се предвидени со наградниот фонд, тогаш ќе се доделат онолку награди колку што има и учесници.

Член 8 – Објавување на резултатите од Наградната игра

Резултатите од Наградната игра ќе бидат објавени на веб страницата https://fini-mini-noodles-podravka.mk/ на Организаторот најдоцна 3 дена од денот на извлекувањето на наградените од Наградната игра. Објавената листа на добитници ќе содржи: име и презиме и место на живеење.

Член 9 – Идентификација на добитникот на награда

Добитниците го остваруваат правото на наградата откако ќе се изврши увид во нивниот документ за лична идентификација и фискалната сметка при подигнувањето на наградадите во просториите на компанијата Подравка. Во спротивно, го губат правото на наградата. Добитниците треба да го потврдат својот идентитет со свој валиден документ – лична карта и да ја чуваат фискалната сметка како доказ дека купиле од наведените производи.

Член 10 – Начин и рок за подигање на наградите

Добитниците ќе ги добијат наградите во просториите на компанијата Подравка најдоцна во рок од 60 работни дена од датумот на објавување на резултатите од Наградната игра на https://fini-mini-noodles-podravka.mk/. Наведениот рок за подигнување на наградите може да се продолжи само доколку добитниците му се обратат на Организаторот дека од објективни причини не можат да ја превземат наградата, но не подолго од 60 дена или ако Организаторот не е во можност да ја достави наградата поради виша сила во наведениот рок.

Организаторот на Наградната игра не сноси никаква одговорност за задоцнети или неправилно означени електронски формулари за пријава. Добитниците немаат можност да добијат парични награди или награди за замена (наместо наградата што му ја доделило стручното жири на Организаторот). Наградите се непреносливи.

Член 11 – Начин на запознавање на учесниците со Правилата на Наградната игра

Начинот на учество во Наградната игра се објавува по добивање согласност од Министерство за финансии на Р. Северна Македонија на веб станицата: https://fini-mini-noodles-podravka.mk/. Со учеството во оваа наградна игра, учесниците ги прифаќаат и се обврзуваат да ги почитуваат правата и обврските пропишани во овие Правила.

Член 12 – Право на објавување и сопствеништво на медиумските содржини

Со претходна писмена согласност, учесниците се согласни, доколку станат добитици на награди, нивното име, презиме, адреса, фотографија и снимен материјал, Организаторот да може да ги користи во промотивни активности преку сите медиуми, без надокнада. Исто така, Организаторот ги задржува сите права на објавување и сопствеништво на медиумските содржини, кои произлегуваат од врачувањето/подигнувањето на наградата. Добитникот е обврзан во целост да соработува со Организаторот, а во врска со креирањето и објавувањето на содржините произлезени од Наградната игра и во врска со Наградната игра.

Член 13 – Право на приговор и решавање на спор

Незадоволните учесници имаат право да поднесат приговор за текот на Наградната игра до Организаторот во рок од 3 дена од објавувањето на резултатите, а Организаторот ќе одговори на приговорот во рок од 3 дена од денот на приемот на приговорот.

Во случај на спор помеѓу Организаторот и учесникот во Наградната игра “ФИНИ – МИНИ НУДЛИ – ЈАДЕЊЕ СО КОЕ СЕ ПОВРЗУВАШ“ надлежен е Основниот суд во Скопје.

Член 14 – Можност за прекин на Наградната игра

Наградната игра може да се прекине единствено во случај на виша сила, а по добивање согласност од Министерство за финансии на Р. Северна Македонија, согласно Член 9 од Законот за игрите на среќа и забавните игри.

Член 15 – Валидност на правилата на Наградната игра

Овие правила ќе бидат јавно објавени на веб страницата https://fini-mini-noodles-podravka.mk/ на Организаторот, по добивање на согласност од Министерството за финансии на Р. Северна Македонија, пред почетокот на Наградната игра.